Сириски бегалец избран за селски кмет во Остелшајм, Германија

Германско село избра сириски бегалец за прв човек со апсолутно мнозинство од 55,41 отсто.

Ријан Алшебл, 29-годишен бегалец од Сирија, кој пристигна во Германија во 2015 година, се кандидираше на изборите во Остелшајм во југозападната германска покраина Баден-Виртемберг како непартиски кандидат. Сепак, тој е член на партијата „Зелените“.

Алшебл го опиша своето искуство во кампањата како „главно позитивно“.

Тој го напуштил родниот град Суејда во јужна Сирија на 21-годишна возраст. Веќе седум години младиот Сириец работи во администрацијата на блиското градско собрание Алтенгштет.

Селото Остелшајм

Според Здружението на општини во Баден-Виртемберг, досега немало друг кандидат со сириско потекло за функцијата градоначалник. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен