Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Иран: Студентките и ученичките на настава само со хиџаб

Министерството за образование на Иран денеска објави дека на студентките и ученичките во универзитетите и училиштата нема да им биде дозволено да посетуваат настава доколку не се придржуваат до строгите правила за облекување.

Тоа значи дека на студентките и ученичките кои не носат шамија, односно хиџаб, нема да им биде дозволено да слушаат предавања. Новите правила беа објавени по протестите кои започнаа минатата есен низ целата земја, кои претставуваа најсериозна криза во Иран во последните неколку децении, објавија иранските медиуми.

Многу жени сега се против строгите правила за носење хиџаб, особено во поголемите градови. „Целта на одлуката е да се создаде безбедна и погодна средина за духовен развој на учениците“, се вели во соопштението на министерството кое се состои од 16 точки.

Неколку ирански медиуми по објавата на соопштението ја пренесоа информацијата за оставка на министерот за образование Јусеф Нури, која претседателот веднаш ја прифати.

Како причина за оставката на Нури беше наведено доцнењето на исплатата на платите на наставниците пред персиската Нова Година. Во меѓувреме, прашањето за кодексот на облекување на жените го подели иранското општество.

Владата првично го игнорираше масовното кршење на правилата за хиџаб, но ги налути потрадиционалните тврдокорни во општеството.

Во изминативе денови, некои ирански граѓани, пратеници и верски водачи се заканија дека ќе ги преземат работите во свои раце доколку Владата не почне да ги спроведува правилата кои бараат од жените да носат хиџаб.

Г. Т. (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново