Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Анкетите покажуваат дека Трамп води меѓу републиканците пред изборите следната година

И покрај тоа што се соочува со кривични пријави, поранешниот американски претседател Доналд Трамп има предност пред неговите ривали за номинација на Републиканската партија за претседателските избори следната година, според анкетата на Ројтерс/Ипсос.

Околу 48 отсто од анкетираните кои се републиканци сакаат Трамп да биде претседателски кандидат на партијата, што е повеќе од 44 отсто во претходната анкета спроведена од 14 до 20 март.

Во меѓувреме, поддршката за гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, најблискиот противкандидат на Трамп, падна од 30 отсто минатиот месец на 19 отсто во тековната анкета на Ројтерс.

Околу 71 отсто од испитаниците во тековната анкета, вклучително и 58 отсто од републиканците, сметаат дека е веројатно дека Трамп и платил на порно ѕвездата Сторми Даниелс да не ја открива нивната афера пред претседателските избори во 2016 година. Во исто време, 51 отсто од испитаниците, вклучително и 80 отсто од републиканците веруваат дека мотивацијата зад обвиненијата против него се политички. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен