Викторија Трајков, заменик министерка за европски прашања, во емисија на ТВ Стар, телевизија од Штип, му порача да српскиот народ да се освести на прашањето да ги коментира настаните во Србија.
„Она што му се случува на Србија не е наивно, затоа што на меѓународна сцена нема ништо случајно, дури и протестите не се случајни. Ние тоа го преживеавме, со таа шарена, црвена, жолта, како и да ја викаа таа револуција и цената ја плативме со таа револуција, така што се надевам дека српскиот народ ќе се освести“, рече во настапот на телевизијата Викторија Трајков.
Да потсетиме, во Србија веќе повеќе денови се во тек протести и блокади на студентите, учениците и граѓаните кои имаат масовен одзив и кои се резултат на обидот на српските власти да се минимизира одговорноста за смртта на 14 луѓе откако се сруши настрешницата на железничката станица во Нови Сад, како и на општото незадоволство народот од политиките на актуелната власт.