Претседателот на СДСМ, Венко Филипче му порача на премиерот Христијан Мицкоски дека тој е виновен за измамата со кошничките, но и за растот на сиромаштијата, на сметка на профитот на трговците.
„Го слушам Мицкоски денеска вели срамота било тоа што го правеле трговците. Не господине Мицкоски, срамота е што вие дозволивте тоа да го прават и што тајно со нив се договарате а во јавноста глумите загрижен политичар. Касно е да ја префрлате вината за овој дебакл и грабеж на трговците, одговорноста е само ваша“, рече Филипче на конференција на општинската организација во Битола.
Според Филипче само по шест месеци Влада на ВМРО-ДПМНЕ се чуствува голема економска несигурност и слабеење на стандардот на граѓаните, бидејќи сметките растат, цените растат, а ‘Владата со измами се обидува да ги излаже луѓето дека со нешто им помага“.
Мицкоски пак денеска рече дека очекува „робусна и жестока акција’ на големите ланци на маркети кои ‘манипулирале и користеле трикови со владините мерки за намалување на цените’.
„Срамота е ова што го прават на граѓаните пред празниците што доаѓаа“, рече Мицковски.
Филипче, пак, вели дека ‘Реалноста е сосема друга од онаа која ни ја презентира Мицкоски. Граѓаните тоа најдобро го приметуваат кога ќе влезат во маркетите. Лажните кошнички за поевтини цени се трик на Мицкоски и трговците со што тие печалат на маката на луѓето, рече претседателот на СДСМ’, рече Филипче.