Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски и Ахмети во Собранието се поддржуваат, надвор се караат

По пораката на лидерот на ДУИ, Али Ахмети од новогодишниот коктел дека, ‘ДУИ е ураган и нема да дозволат промена на Законот за јазици“, премиерот Христијан Мицкоски денес премиерот кажа дека за тоа ќе одлучи Уставниот суд.

„Тие мислат дека со закани ќе мобилизираат повеќе луѓе. Законот за јазици дали ќе се смени или нема да се смени и што ќе се случува треба да одлучи Уставниот суд. Таму треба да има јавна дебата, тие ќе побараат мислење од Венецијанската комисија и слично“, рече Мицкоски.

Тој го постави прашањето зошто во повеќе од две децении владеење ДУИ не направиле ништо добро, туку се што правеле било со недостатоци.

„ДУИ, пред се треба да направат некоја автоцензура и да си одговараат самите на себе си зошто ги оставија сите овие работи такви како што ги оставија. Но, не забворавија да купуваат трговски центри, скапи ролс ројс автомобили, инстант компании кои што увезуваат јаглен, игрите на среќа и злоупотребите со дозволите за игри на среќа… Тоа некако не го заборавија изминатите повеќе од две децении, но се останато на кое ја добиваа довербата заборавија да го направат онака како што треба“ рече, Мицкоски.

Новото парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди (ВЛЕН) и ЗНАМ, со поддршка од пратеници од Европскиот фронт предводен од ДУИ, ги изгласа законските измени со кои се воведуваат нови и се прави реорганизација на дел од постоечките министерства.

Станува збор за измени на Законот за организација и работа на органите на државна управа за што е потребно двотретинско мнозинство – 80 гласа во 120-члениот парламент. За возврат, ВМРО-ДПМНЕ постигна договор со ДУИ за формирање на комисија во Собранието за следење на правичната застапеност во органите на државната самоуправа. Собранието на чие чечло стои пратеник од опозицијата ја фирмираше оваа комисија.

Зачлени се на нашиот е-билтен