Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Премиера на претставата „Фамилијата Адамс“ во Драмски театар Скопје

„Фамилијата Адамс“ е новата премиера што ќе биде изведена вечер во 20 часот на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје.

Режисерката Теа Беговска воедно е и автор на текстот и адаптацијата за претставата. Во програмската белешка за претставата таа истакнува дека Фамилијата Адамс е “нормалното” во ненормалното.

-Како Светот да се претворил во една голема Фамилија Адамс, која секоја општествена и социјална ненормалност ја прифаќа и живее како нормална. Овие добро препознатливи и екцентрични ликови со мрачен хумор, сместени во т.н. гробница на Светот (каде се закопани нивните предци) – “танцуваат” во СВОЈАТА нормалност, во СВОИТЕ вредности за живот и смрт. Овој мрачен дом на Фамилијата Адамс е светилиште каде се слави смртта, но, се слави и љубовта – тајната состојка со која опстојува династијата Адамс. Светилиште во кое и нормалните стануваат ненормални на свој начин, вели Беговска.

Таа подвлекува дека во денешниот свет, каде секојдневието станува се’ поголем хаос, Фамилијата Адамс е можеби симбол за издржливост.

Зачлени се на нашиот е-билтен