Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод големиот христијански празник – Божиќ до сите граѓани од католичка вероисповед.
– Во духот на најголемиот христијански празник, Божиќ, ми претставува особена чест и задоволство да Ви упатам срдечни честитки, како и најискрени желби за здравје, среќа и благосостојба. Божиќ е празник на мирот, љубовта и надежта, кој ги обединува луѓето во споделување на хуманите вредности во духот на меѓусебна почит и разбирање. Нека овие празнични денови донесат радост и спокој во срцата на сите католички верници во нашата држава, напиша Гаши.
Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, како што наведува, упатувам желби и надеж за јакнењето на верската толеранција, соживотот и заедништвото во нашето општество.