Македонското Собрание започна процедура за затворање на Агенцијата за нуклеарна технологија, основана во 2010 година, со закон предложен од тогашниот министер за образование, Никола Тодоров. По 14 години, дојдено е до заклучок дека постоењето на оваа агенција е непотребно, а годишно од буџетот се плаќале хонорари за членовите на нејзиниот управен одбор. Агенцијата стана позната со „бомбите“ на опозицијата во 2015 година, кога излегле на виделина информации дека партиски кадри, а не научници, биле вработувани на значајни позиции.
Целта на агенцијата беше да учествува во научните програми на Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН), да обезбеди вработување на инженери и научници, кои ќе работат на проектите на ЦЕРН и да соработува со македонски и странски организации за нуклеарни технологии. Последните пари кои биле потрошени биле 2.500 евра за купување теписи во мај 2014 година.
Според информации од „Фокус“, над илјада луѓе се вработени во околу 300 непознати државни органи, кои се дел од вкупно 1.371 институции основани од јавниот сектор. Овие институции, агенции и тела функционираат со директори, управни и надзорни одбори, службени возила и солиден годишен буџет. Се наведува дека во 2023 година, 14 институции од официјалниот регистар немале ниту едно вработено лице, но имале директори.
Повеќе на следниот линк
