Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Реакција на Групацијата на небанкарски финансиски друштва на написот на ИРЛ

Со внимание ја следиме јавната дискусија иницирана од истражувачката сторија и документарниот филм „Украдени животи” на Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ). Групацијата на небанкарски финансиски друштва, како и досега, со должна почит пристапува кон сите новинарски извештаи и ја почитува професионалноста и независноста на новинарите во земјата. Во поддршка на истражувањата, меѓу кои е и последното на ИРЛ, финансиските друштва се на иста линија со медиумите кои придонесуваат за зголемување на транспарентноста во финансискиот систем, но и за подигнување на јавната свест за одговорното кредитирање.

Од друга страна, а во таа смисла, Групацијата е во тесна соработка и со Министерството за финансии со кое, во изминатите две години се работеше и со воведоа клучни законски измени и Правилници кои значително ја подобрија регулацијата на секторот, ја намалија можноста за презадолженост на граѓаните, се зголеми прагот за основање на финансиско друштво, а проверката и верификацијата на барателите на кредит се засилени и ги сведуваат на минимум можностите за измама. Секако, во духот на новото време, со вложување во нови технологии, секторот прерасна во модерен, високо-дигитализиран дел на финансискиот систем на земјата. 

Со донесувањето на измените во Законот за финансиски друштва во јули 2023 година, минималниот влог за основање финансиско друштво се зголеми од 100.000 на 500.000 евра со што се гарантира поголема стабилност. Со новата регулатива се ограничија трошоците за кредит, секако со цел да се заштитат корисниците, а беше воведена и забрана за рефинансирање на доспеани кредити во исто финансиско друштво.

Со воведувањето на Правилникот за кредитен ризик од април годинава, се ограничија месечните кредитни обврски до 70% од приходите, со што се дејствуваше во насока на спречување на евентуална презадолженост на поединци и на семејства. Исто така, по стапувањето во сила на овој Закон и Правилникот, од 36 финансиски друштва, на пазарот продолжија да работат 27.

Инаку ИРЛ во својата сторија „Украдени животи“ укажува дека истражувањата на кои работеле, а кои што откриле криминал, корупција и злоупотреба на моќта, делат една заедничка и репепетитивна пракса на сите владини администрации – случајно или намерно- отсуство на надзор врз работата на приватниот сектор. 

Ова е прва сторија која што прецизно ги отсликува последиците од потфрлањето да се обезбеди ефикасен надзор врз финансиските институции во земјата и корелацијата на овој сегмент од финансискиот сектор со порастот на криминалот и сиромаштијата. 

Недостатокот на надзор создал средина каде што криминалот, корупцијата и задолженоста драматично напредуваат, се вели во анализта на ИРЛ.

Зачлени се на нашиот е-билтен