Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЦИВИЛ: Прославете безбедно – петардите и оружјето се забранети и опасни по живот

ЦИВИЛ повикува на свесност и совесност кај граѓанките и граѓаните во пресрет на новогодишните празници – БЕЗБЕДНОСТ пред сѐ – петардите и славеничкото пукање се опасни по здравјето и животот.

Децата се најчести жртви на повреди, трауми и несакани трагедии од употребата на распрскувачки материјали и несовесна употреба на оружје. Кога несовесни лица го злоупотребуваат оружјето за славеничко пукање, одговорните родители треба да им кажат три едноставни безбедносни правила на своите деца:

  • да се оддалечат од местото на славеничко пукање
  • да не допираат оружје или експлозиви и
  • да пријават незаконска употреба на оружјето.

Но, и да им објаснат дека тие правила важат и за возрасните, дури и на најголемите професионалци со дозвола за употреба на оружје и распрскувачки материјали може да им се случи да погрешат.

ПРОСЛАВЕТЕ БЕЗБЕДНО!

Славеничкото пукање е забрането со закон и е крајно опасно по животот. Бројни се примерите на трагични завршетоци на прослави и веселби кога заскитан куршум убил или повредил случаен минувач или учесник на прославата.

Распрскувачките материјали и петардите се опасни по здравјето и животот. Во еден прирачник на ЦИВИЛ за едукација на деца и млади за безбедно однесување се вели:

„Петардите и распрскувачките материјали, како и оружјето се опасни и често предизвикуваат трагедии дури и во редовите на професионалци на кои во описот на работното место им е ракување со експлозиви и оружје.“

ЦИВИЛ потсетува дека домашните миленици се посебно сензибилни на звуците од распрскувачките материјали и петардите. Особено кучињата, кои често се обидуваат да побегнат кога се исплашени од  петардите, може да се повредат, а често и да има фатални последици. Многу од овие животни може да завршат неколку километри од дома, бегајќи од страв.

ЦИВИЛ се придружува и кон повикот на МВР да не се употребуваат петарди и други пиротехнички средства неовластено и ги повикува граѓанките и граѓаните да го пријават несовесното и противзаконско однесување.

Зачлени се на нашиот е-билтен