Европските интеграции се во заложништво на интересите на експоненти на Владата, истакна претседателот на Алијансата за Албанците и дел од „Европскиот фронт“, Зијадин Села при оценувањето на политичките случувања во државава во годината што изминува.
На сите граѓани им ги честиташе новогодишните празници посакувајќи им 2025-та да биде постабилна, Македонија да се најде поблиску зачленувањето во Европската Унија.
– Повеќе од јасно е и треба да бидеме отворени со вас како граѓани дека Европската Унија за Северна Македонија е единствено решение, единствен пат на кој ние треба да се движиме како општество. Сите тие што денеска зборуваат за правна држава, за борба против корупцијата, и не им е јасно дека на ваков начин немаме борба против корупција. Немаме правна држава, туку имаме политизирано правосудство.
Тој упати порака до Владата што поскоро да ги спроведе уставните измени.
-Владата што побргу да ги спроведе и да ги почнеме уставните измени за да ги почнеме преговорите и наместо да земеме кредит од други држави, да земеме претпристапни фондови од ЕУ со тоа што ќе го подобриме животот и инфраструктурата на граѓаните на оваа држава. „Европскиот фронт“ е резултат на стравот дека во оваа држава ќе доаѓаат политички сили кои најавуваат дека ќе ги блокираат европските процеси. И за жал, тоа се случи. Ние сме сведоци и сме едниот од потписниците на договорот дека со ниту една политичка партија нема да коалицираме ако однапред не се прават уставните измени. И во тој документ потпишани се челниците на „Европскиот фронт“ и на Коалицијата Вреди. Од тоа заборавија на што се залагаа и поминаа на ветување дека уставните измени ќе ги има. рече тој.