Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Додека „удрат“ санкциите на Мицкоски, трговците уште еднаш ќе ги покачат цените на производите

За да ги заузда трговците, Владата на Христијан Мицскоски, веќе трет ден најавува контрола на цените на основните прехранбени производи. Мицкоски ги осуди трговците за зголемувањето на цените, нарекувајќи го нивното однесување ‘неетичко и неприфатливо. однесување и додаде дека нивното однесување е неприфатливо. Откако премиерот почна да ја рекламира новогодишната кошничка, на пример цената на табла јајца од 210 денари рипна на 254 денари. Мицкоски во меѓувреме на сите звона звонеше дека ‘институците (инспекторите) ќе реагираат и дека никогаш повеќе нема да дозволи трговцигте да манипулираат со граѓаните’.

Рипањето на цените на основните прехранбени продукти, маслото, шеќерот, јајцата, се случува во пресрет на Новата година. Опозицискиот лидер Венко Филипче ја обвини Владата за пасивност во претходните месеци, истакнувајќи дека цените се зголемија поради недоволната контрола.

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче денеска посочи дека Владата на Мицкоски има погрешна стратегија со трговците, на сметка на граѓаните и дека тие сега плаќаат на неактивноста на Владата на Мицкоски.

„По шест месеци, едно е сигурно, се чувствува голема економска несигурност и слабеење на стандардот на граѓаните. Сметките растат, цените растат, а Владата со лажни кошнички и измами се обидува да ги излаже луѓето дека со нешто им помага. Реалноста е сосема друга од онаа која ни ја презентира Мицкоски, а граѓаните тоа најдобро го знаат кога ги отвораат паричниците. За жал, оваа Нова година тие ќе ја дочекаат многу поскромно и понесигурно,“ рече Филипче.

Владата на Мицкоски наместо да се грижи за граѓаните, се води од интересите на економската елита.
„Економските политики на Мицкоски се политики за елитата. 99% од граѓаните плаќаат за 1% од елитата на Мицкоски. Оваа потчинетост и слугување на своите бизнис партнери и на трговците е поразителна,“ заклучи лидерот на опозицискатка СДСМ.

Тој порача дека СДСМ, останува на страната на граѓаните, борејќи се против политиките кои носат само пад на стандардот и зголемување на економската несигурност. Филипче ги повика граѓаните да ја препознаат вистината и да се спротивстават на погубните политики на оваа Влада.

Зачлени се на нашиот е-билтен