Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ИЗБОР) Албански медиуми: Српска листа се врати во косовското Собрание; Бериша – Мета, Рама и Алибеај во предизборен натпревар

По пет месеци отсуство, во косовското Собрание се вратија пратениците од Српска листа, а Специјалното обвинителство на Република Косово отвори означи случајот „Жури“ во кој се инволвирани 6 лица за перење пари.

Во продолжение е редакцискиот избор од денешните теми во албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Коха: Пратениците од Српска листа се вратија во косовското собрание

„Пратениците на Српската листа се вратија во Собранието на Косово, по пет месеци отсуство. Тие во четврток  (денеска)  седнаа во Собранието.

Нивното враќање беше проследено со дебата меѓу пратениците.“, пренесе косовскиот дневник Коха.

Бота Сот: Специјалното обвинителство  го означи случајот „Жури“ каде беа запленети над 1,5 милиони евра

“Главниот обвинител на Специјалното обвинителство на Република Косово, Блерим Исуфај, денеска го одржа следниот состанок со заедничкиот тим за избор и обележување на тешки кривични дела, на кој беше означен нов предмет со шифра „Жури“ во кој се инволвирани шест лица за кривичнo делo „Перење пари“.“, пренесе косовскиот дневник Бота Сот.

АЛБАНИЈА

РТШ: „Конфронтациите на 14 мај“ – Бериша-Мета, Рама и Алибеај во „натпревар“, општините кои ќе се „чукаат“ глава со глава

„Формирани“ се поголем  дел од екипите кои ќе се соочат на „меч теренот“ што ќе се игра во Локалните избори на 14 мај.

Но, се чини дека бројот на играчи кои им се потребни на овие тимови и недостига на Демократската партија, која беше соочена со внатрешно протекување, а не можеше да го пополни вистинскиот број за да влезе во трката во сите општини во државата. Но, иако конфронтацијата меѓу политичките партии ќе има во 61 општина, во Тирана, Елбасан и Драч се очекува битката да биде потешка меѓу кандидатите.“, коментираат од албанската РТШ за предизборната кампања за претстојните локални  избори во Албанија.

Панорама: Владата го призна неуспехот со контролата на обложувалниците,  досега се играше на црно, со новиот закон обложувањето ќе биде само онлајн

„Албанската влада официјално го враќа онлајн обложувањето во Албанија со објавување на новиот предлог закон за коцкање на јавна консултација. Објавениот предлог-закон предвидува посилни критериуми за организаторите на игри на среќа и бруто данок од 15 отсто кој според објавениот предлог закон ќе се префрли на сметката на Посебниот фонд.“, пренесе албанскиот дневник Панорама.

Јава Њуз: Албанија ги држи вратите отворени за пријателите,  ги продолжува дозволите за престој за Авганистанците и Украинците

„Авганистанските и украинските граѓани, кои ја напуштија татковината поради војната, се уште имаат отворени врати во Албанија. Со одлука на Министерскиот совет денеска е донесена одлука за продолжување на дозволата за престој на Авганистанците за уште 6 месеци, до август 2023 година.

За Украинците, чија земја се уште е под воена треска, владата одлучи да ја продолжи  дозволата за престој до 17 септември 2023 година.“, пренесе албанскиот портал Јава Њуз.

КОЛУМНА

Газета Тема: Јакуп сме сите ние

„Општество кое ги потценува ризиците, кое ги третира ноншалантно, општество кое не го разјаснува својот однос со вистината (дури и кога е горчливо), порано или подоцна ќе се сопне.

Следната трагедија  чека зад соседната врата, ако не се извлечат поуки од искуството во изминатите 25 години и од овој процес.

Првата и најважна лекција е функционирањето во рамки и основна институционална култура.“, извадок од написот на авторот Енвер Робели, објавен во косовскиот медиум Газета Тема.

Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново