Најмалку 10 лица се повредени во масовно пукање пред ноќен клуб во Квинс, Њујорк во средата вечерта, пренесоа американските медиуми.
Си-ен-би-си јавува за најмалку 11 лица, во пукање што се случило во средата околу 23:20 часот по локално време.
Престрелката избувнала во близина на ноќниот клуб Амазура, а жртвите биле пренесени во блиските болници, вклучувајќи ја и еврејската болница Лонг Ајленд и Детскиот медицински центар Коен, според извори.
Ниту една од жртвите не е во критична состојба и се очекува сите да преживеат, според NYPD.