Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нови цени на горивата од полноќ: Поскапуваат и бензините и дизелот

Цената на бензинот БС-95 се зголемува за еден денар за литар, додека поскапување за денар и половина ќе има кај бензинот БС-98 и дизелот.

Горивата од ноќеска на полноќ ќе се продаваат по нови, повисоки цени.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на бензинот БС-95 се зголемува за еден денар за литар, додека поскапување за денар и половина ќе има кај бензинот БС-98 и дизелот.

Од полноќ литар бензин БС-95 ќе се продава за 78 денари за литар, бензинот БС-98 за 80,5 денари, а дизелот за 72,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ од полноќ за 0,073 денари за килограм се намалува цената на мазутот и ќе се продава за 45,711 денари за килограм.

Зачлени се на нашиот е-билтен