Сајбер напад врз француски банки за крв, примероците не биле компромитирани

Француските власти спречија сајбер напад насочен кон разладните системи во регионалните банки за крв. Напаѓачите се обиделе драстично да ја подигнат температурата во коморите, но благодарение на брзата реакција на дежурните служби не е компромитиран ниту еден примерок.

Француската агенција за крв (ЕФС) и Министерството за здравство на Франција соопштија дека состојбата е целосно под контрола по обидот за саботажа преку дигиталните системи за ладење. Инцидентот се случил во текот на викендот, а цел биле три локации за складирање плазма во регионот Бургоњ-Франш-Конте.

Нападот бил изведен преку надворешна компанија која испорачува и одржува опрема за ладење. Хакерите се обиделе да ги препрограмираат коморите и да ја подигнат температурата од стандардните минус 30 степени на екстремни 110 степени Целзиусови, со намера да ги уништат залихите.

Системите за автоматско следење и алармите навреме ги регистрирале температурните аномалии. Персоналот реагирал веднаш, со што била спречена каква било штета врз терапевтската плазма, материјалите за производство на лекови и примероците земени од донатори.

Од ЕФС потврдија дека процесот на собирање и дистрибуција на крв кон болниците и здравствените установи се одвива непречено.

Националната агенција за безбедност на информациските системи и надлежните истражни органи отворија истрага за да го утврдат потеклото на нападот.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?