Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ како папагали повторуваат за криминал во нашите редови

Демократската унија за интеграција со реакција на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски.

„Откако нашата денешна реакција го разоткри планот на владата со моноетнички легитимитет за укинување на албанскиот јазик како службен, ВМРО-ДПМНЕ одговори со вообичаениот папагализам и пропаганда, ширејќи ја приказната дека ДУИ наводно се плаши од своето криминално минато. Да бидеме кратки и јасни: сите кои прекршиле закон, без разлика на етничка припадност или партија, треба да одговараат“, реагираат од ДУИ.

Од таму вњлат дека нема да ги бранат оние кои го прекршиле законот.

„Но, не мислете дека со вакви закани и пропаганда ќе нè заплашите: Кога станува збор за албанскиот јазик, за нашето достоинство и национален идентитет, ниту прогонот, ниту смрта не плаши. Можете да се обидете да ја криминализирате нашата борба за слобода и рамноправност, исто како што тоа го правеа некои минати режими, но не заборавајте: историјата секогаш покажала кој преживува, а кој завршува во срам! Напаѓајте што сакате, но држете ги рацете подалеку од она што за нас Албанците е свето! Рацете подалеку од албанскиот јазик“, пишува во соопштението испратено од ДУИ до медиумите.

Зачлени се на нашиот е-билтен