Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поништен огласот за вработување во Липково по претставката за дискриминација од министерот Минчев

Државниот инспекторат за труд по добиената претставка од министерот за јавна админситрација Горан Минчев го поништил огласот за вработување во Јавното комунално претпријатие „Пиша“ од Липково, а работодавачот бил известен за потребата за отстранување на неправилностите.

Министерот Минчев денеска ја поздрави брзата и професионална реакција на Државниот инспекторат за труд (ДИТ), кој по применета претставка утврдил дека огласот за вработување во Јавното комунално претпријатие „Пиша“ од Липково, е објавен во спротивност со важечките законски прописи.

– Државниот инспекторат за труд информираше дека на 8 јануари 2025 година, по добиената претставка, извршен е вонреден инспекциски надзор во ЈКП „Пиша“, при што е потврдено дека огласот за вработување на четири лица не ги исполнил законските барања, согласно Законот за вработените во јавниот сектор и Правилникот за задолжителни елементи на јавните огласи. Како резултат на ова, огласот беше поништен, а работодавачот е известен за потребата за отстранување на неправилностите, се наведува во соопштението.

Зачлени се на нашиот е-билтен