Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Интерпелацијата за Илире Даути прва на дневен ред

Во Собранието, во рамки на 29-тата седница, попладнево почна расправата по првата точка од дневниот ред – интерпелација за работата на Илире Даути – пратеничка на Алијанса за Албанците од коалицијата „Европски фронт“, претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади.

Интерпелацијата  во ноември до Парламентот ја поднесоа шесте пратеници на Левица, а денеска  ја образложи пратеникот  Сашко Јанчев. Рече дека Илире Даути со нејзиното „несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување“ го кочи Законот за бранители со тоа што не го става на дневен ред на Комисијата со која претседава.

-Претседателката на Комисијата не свика седница за Законот, со што го прекрши Уставот, Законот за пратеници и Деловникот. На пратениците им го ускрати правото на говор, правото  амандмански да интервенираат по овој закон и правото да учествуваат во работните тела на Собранието, истакна Јанчев и нагласи дека Даути  била должна да свика седница кога тоа го побарале една третина од членовите на Комисијата.

Одговорност, според Левица, има и кај претседателот на Парламентот, Гаши, кој требало, но, како што рече, „упорно“  не назначувал друг човек наместо Даути да ја води седницата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади.

Пратеничката  Илире Даути во одговор на поднесената интерпелација рече дека со самото излагање на Јанчев се докажало дека интерпелацијата е без основа.  

-Од каде и да гледате, ќе видите дека претседателката на Комисијата има право зашто ја сака вистината во целост. Таа е убедена дека ако се тргнат фрагменти од историјата, вистината останува половична, а со таква вистина не може да се гради иднина за граѓаните. 

Зачлени се на нашиот е-билтен