Каде се највисоки платите во Европа?

Платите значително варираат низ Европа. Во 2023 година, просечната годишна плата на континентот изнесувала 33.500 евра, со највисоки примања во Швајцарија и најниски во Бугарија.

Во 2024 година, Швајцарија повторно беше на врвот со просечна месечна нето плата од 5.542 евра. Главни економски сектори во земјата се банкарството, фармацевтските производи, производството, инженерството и туризмот. Луксембург е на второ место, каде просечната нето плата достигнува 4.358 евра. Финансискиот сектор во оваа земја е особено развиен, со над 200 банки и 1.000 инвестициски фондови.

Минимална плата во Европа
Во 2024 година, минималната плата значително варираше:

Најниска: Бугарија (399 евра)
Највисока: Луксембург (2.387 евра)

Европските земји се поделени во три групи според минималните примања:

Прва група: до 840 евра (Бугарија, Унгарија, Романија).
Втора група: 887–1.304 евра (Португалија, Шпанија, Словенија).
Трета група: над 1.700 евра (Германија, Франција, Луксембург).

Земји со најниски годишни плати

На дното на листата за годишни примања се Бугарија (10.300 евра), Унгарија (12.620 евра), и Романија (13.000 евра).

Најдобрите земји за работа и живот се:

Норвешка – високи стандарди за задоволство и рамнотежа помеѓу работата и животот.
Швајцарија – извонредни услови за работа и квалитет на живот.
Холандија – поволна рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот.
Овие земји се издвојуваат не само по високите плати, туку и по квалитетот на животот и можностите за кариера.

Зачлени се на нашиот е-билтен