Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кос од Подгорица: Црна Гора има историска шанса да стане следната полноправна членка на ЕУ

Комесарката за проширување на Европската унија Марта Кос изјави дека Црна Гора има историска шанса да стане следната полноправна членка на Европската унија и нагласи дека интеграцијата мора да биде национален проект на таа земја.

Кос е во прва официјална посета на Подгорица, каде што се сретна со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ и премиерот Милојко Спајиќ, јавува агенцијата Anadolu.

„Денес сите се согласуваат дека ни треба посилна и поголема Европска унија. Прозорецот на можности за Црна Гора е отворен“, рече Кос на прес-конференцијата по средбата со Спајиќ.

Таа изјави дека Црна Гора е лидер во интегративниот процес во споредба со земјите од регионот и дека има реални шанси да ги заврши пристапните преговори со Европската унија за време на нејзиниот мандат.

Таа нагласи дека влезот во Европската унија мора да биде национален проект, во кој ќе бидат вклучени сите.

Еврокомесарката Марта Кос ја изрази својата лична подготвеност да помогне во тој процес и предупреди дека прозорците на можности може да се затворат и дека затоа Црна Гора нема време за губење.

Зачлени се на нашиот е-билтен