Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Муцунски разговарал со новиот шеф на бугарската дипломатија, Георгиев

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски телефонски разговарал со новиот шеф на бугарската дипломатија, Георг Георгиев. Како што објави на мрежата Икс, Муцунски во разговорот ја изразил решеноста за јакнење на партнерството и  унапредување на соработката.

Муцунски на Георгиев му честитал и за назначувањето на функцијата.

-Имав пријателски прв телефонски разговор со Георг Георгиев, новиот министер за надворешни работи на Бугарија. Му го честитав назначувањето и ја изразив нашата решеност да го зајакнеме партнерството, да ја унапредиме соработката и заеднички да придонесеме за регионалната стабилност и заеднички напредок, напиша Муцунски на Икс. 

Зачлени се на нашиот е-билтен