Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

УПОЗ: Формално ние не добивме покана за средба со Владата

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани денеска поднесе формално барање за средба со премиерот Христијан Мицкоски, соопшти претседателот Трпе Деаноски.

Барањето за средба, додава Деаноски, доаѓа откако изминатите денови „се изначитавме декларативни соопштенија од страна на Владата преку кои нè канеше на средби преку медиумите“.

Формално ние не добивме покана за продолжување на дијалог“, вели Трпе Деановски.

Дијалогот рече дека еднострано бил прекинат од страна на Министерството за финансии со одбивање на предложените колективни договори за додаток на плата за вработените што протестираат.

„Вработените очекуваат Владата да покаже разбирање и да ја прифати оваа подадена рака од Синдикатот на УПОЗ за изнаоѓање решение за нашите барања“, рече Деаноски.

Зачлени се на нашиот е-билтен