Коалицијата „11.11.11.“, составена од повеќе од 60 белгиски невладини организации на 20 јануари, на денот на инаугурацијата на Доналд Трамп, ја напушта платформата Икс.
Коалицијата наведува дека нема да објавува на Икс поради тоа што сака да се дистанцира од дезинформациите и политичките манипулации што доминираат на платформата.
– Икс е опасност по демократијата и човековите права. Икс повеќе не е платформа за отворена дискусија, а е закана за темелите на нашето општество. Откако нејзиниот сопственик Илон Маск отворено се радикализираше, отворениот говор на омраза и политичката манипулација, на кои им беше дадена слобода без умереност, пораснаа експоненцијално, се наведува во соопштението на „11.11.11“.