Да не се користи патот меѓу Пантејлемон и среднов Водно поради голомразица, предупреди општина Карпош

Патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно не е безбеден за моторни возила поради голомразица. Општина Карпош ги извести граѓаните да не го користат овој пат бидејќи утрово, неколку возила се заглавија во снегот.

– Одговорноста за одржувањето на патот е на ЈП „Македонија пат“, но до сега не е фрлена сол, ниту е расчистен снегот. Патот е безбеден само за пешачење, а патувањето со возило претставува ризик за возачите, се вели во соопштението на општина Карпош.

Зачлени се на нашиот е-билтен