Рано утринава, околу 03:15 часот, на улицата „Разловечко востание“ во скопската населба Карпош, избувнал пожар во бутик во сопственост на 54-годишниот И.М. од Скопје. Бутикот се наоѓа на приземјето на станбена зграда.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, повредени лица нема.
Пожарот ја зафатил фасадата на зградата и делумно оштетил стан над бутикот, сопственост на 36-годишниот М.Т. од Скопје. Оштетена е и надворешна единица на клима-уред, како и прозори на стан во сопственост на 79-годишниот М.Ј. од Скопје.
Исто така, пожарот зафатил и два автомобили: „Шкода Камик,“ паркирана од 48-годишниот М.Т., и „Форд Фокус“ во сопственост на 55-годишниот Љ.Р., и двајцата од Скопје.
Екипите на Бригадата за противпожарна заштита брзо интервенирале и пожарот бил локализиран.
Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР Скопје, а во тек се мерки за целосно расчистување на случајот.