Почна второто полугодите во сите основни и средни училишта во Штип, без никакви проблеми и со затоплени училници.
Снежана Санева, раководител на Секторот за локален економски развој и образование во Општина Штип информираше дека училиштата се добро подготвени, имаат доволна количина на нафта со кои уште денеска училниците се затоплени. Во Општина Штип настава посетуваат околу 5.490 ученици.
„Денес е првиот училишен ден од второто полугодие од учебната 2024-2025 година. И основните и средните училишта се одлично подготвени и имаат обезбедено оптимални услови за одвивање на наставата во училиштата. Тоа значи дека е обезбедено доволни количини на мазот за греење и училниците се затоплени. Што се однесува до бројот на ученици кои ја посетуваат наставата е околу 5490 ученика на ниво на оштината“, изјави Санева.
Таа истакна дека на почетокот од второто полугодие вообичаена e и бројката на ученици со грип кои отсуствуваат од настава, но истата не отскокнува од границата на нормалата.
Во согласност со ситуацијата, сите училишта од денеска го започнаа второто полугодие од новата 2025 година, а согласно грејната сезона до 15 април учениците ќе имаат топли училници.