Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Еве што ќе каже Трамп на инаугурацијата: Ќе повика на револуција

За време на неговото инаугуративно обраќање, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп планира да се осврне на она што тој го смета за најитно, а тоа се национални прашања за кои ќе предложи и решенија.

Како што дознава „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извадоци од неговото обраќање, Трамп, има намера да повика на „револуција на здравиот разум“.

Изданието потсетува на плановите на идниот претседател во врска со даноците, борбата против масовната миграција и намалувањето на владата.

„Се враќам на претседателската функција со увереност и оптимизам дека сме на почеток на нова ера на национални успеси. Промените ја зафаќаат земјата“, ја цитира американскиот весник изјавата на Трамп.

Претходно, новинарите објавија дека тој има намера да потпише речиси 100 извршни наредби на првиот ден од неговата функција.

Инаугурацијата на Доналд Трамп ќе се одржи на 20 јануари напладне, според американско време. Се очекува температурите да паднат до минус 11 Целзиусови степени во Вашингтон.

Трамп и новоизбраниот потпретседател Џејмс Дејвид Венс ќе положат заклетва не пред зградата на Капитол, како што беше претходно планирано, туку во централната сала, Ротонда, која тешко сместуваат повеќе од 1.000 луѓе.

Во Вашингтон пред церемонијата беа засилени безбедносните мерки.

Поголемиот дел од центарот на градот, веднаш до Белата куќа и Конгресот, е затворен за сообраќај. Капитол Хил е ограден, а на пошироката јавност не е дозволен влез неколку дена.

Зачлени се на нашиот е-билтен