Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

По Илире Даути, повторно Илире Даути?

Од ДУИ велат дека до крајот на неделата, можно е да достават име за нов претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. Но, од таму не ја исклучуваат можноста ѕоа да биде екс претседателката, Илире Даури.

„До крајот на неделата јавноста ќе биде запознаена со нашиот официјалниот предлог. Ова место ни припаѓа нам и номинацијата на било кој пратеник од Европскиот фронт не е исклучена па ниту за Илире Даути . Ние имавме јасен став дека Даути не го порекршила деловникот за работа, а интерпелацијата не е правно обврзувачка“, велат од ДУИ за ТВ24. 

Претходната недела нејзината оставка беше констатирана откако по иницијатива на Левица и беше изгласана недоверба во законодавниот дом. 

Ставот и на Вреди но и на собранискиот спикер Гаши беше дека интерпелацијата не е правно обврзувачка, но по инсистирање на Даути – Гаши ја констатираше оставката 

Ова е прв случај на пратеник во собрание да биде разрешен од претседателска функција на собраниско тело. 

Левица го поздравија ваквиот потег на Даути, и СДСМ кои пак не учествуваа во расправата и гласањето за интерпелацијата на Даути иако таа не го ставаше на дневен ред нивниот предлог закон за посебните права на бранителите, а пак ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ веднаш по интерпелацијата бараа Даути да биде разрешена од претседателската функција на комисијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен