Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Разбиена е терористичка група на ИСИС

Четири лица добија кривична пријава и триесетдневен притвор поради основи на сомневање дека формирале терористичка ќелија за напади врз јавни објекти во земјава. Ќелијата делувала под идеолошко влијание на ИСИС, споделувала пропаганден материјал и регрутирала нови членови преку мобилната апликација Telegram. Извршени се претреси на пет локации во Скопје и Гостивар, при што пронајдени се оружје, пропагандни материјали и електронска опрема која ќе биде дадена на вештачењe.

„Намерата на членовите на терористичката ќелија била извршување на терористички акт на цивилни или така наречени  меки цели односно јавни објекти на територија на Северна Македонија со намера да се создаде чувство на несигурност или страв кај граѓаните“, информираат од МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен