Човечки животи се загрозени поради катастрофалниот недостиг од биолошка терапија на Клиниката за онкологија и радиотерапија.
Пациенти од целата земја, чии животи директно зависат од оваа терапија, веќе седум дена се оставени без неопходниот лек.
СДСМ бара одговорност од директорите на Клинијата за онкологија, од директорот на Фондот за здравство и од министерот Таравари за оваа хуманитарна катастрофа којашто е директен резултат на неодговорноста и неорганизираноста на актуелната власт.
Мора да има одговорност за ова што се случува на Онкологија. Неспособноста на власта е животно загрозувачка.
Неприфатливи се било какви изговори или оправдувања од власта за некакви административни процедури, зголемен број пациенти, непланирано вклучување, промени во набавките, недоволен буџет.
Целата одговрност е во оние кои управатуваат и менаџираат со Клиниката и со здравството.
Ова што се случува едноставно не нормално. Не може Владата да купива авион од стотина милиони евра а решението за лекови на Онклогија го бара преку донации.