Орхан Муртезани за ВОА: Уставните измени со одложено дејство не се нашето конечно решение на кое инсистираме

„Уставните измени со одложено дејство се наш предлог, но не се нашето конечно решение на кое инсистираме. Тој предлог е за да се испрати јасна порака до бугарската Влада, дека ние сме спремни за дијалог, и дека сакаме да воспоставиме долготраен дијалог, кој ќе биде гаранција, дека нашиот процес на интеграција во ЕУ, ќе биде завршен и дека нема да подлежи на идни потенцијални вета“.

„Фактот што во Софија има стабилна политичка Влада е олеснителна околност и во вакви услови, нашата одлучност како Влада е уште поголема, колку што е можно побрзо да воспоставиме дијалог. Така што сè што останува е во кратко време да воспоставиме дијалог и да седнеме да разговараме“.

„Мислам дека не е само наш интерес да станеме членка на ЕУ, туку е интерес и на Бугарија првиот сосед да биде членка на ЕУ, а стратешки интерес е и на ЕУ, земјите од Западен Балкан, да станат дел од Унијата. Имајќи го во предвид овој заеднички интерес, убеден сум дека можеме да дојдеме до решение“, вели Муртезани во интервју за Гласот на Америка.

Зачлени се на нашиот е-билтен