Меџити по изборите во Брвеница: Никој не е сопственик на гласовите на граѓаните

Изет Меџити реагираше на изјавите и политичките толкувања по изборите во Брвеница, порачувајќи дека гласовите се слободен израз на волјата на граѓаните и дека никој нема право да ги смета за своја сопственост. Тој ги оцени поларизирачките изјави по изборите како „постизборен фолклор“ и повика на дијалог и соработка во мултиетничките средини.

„Изборите завршија. Денес Брвеница има градоначалник, а животот продолжува и сите ние се враќаме на своите обврски“, порача Меџити.

Тој наведе дека поттикнувачките изјави за време на кампањата ги сметал за предизборен фолклор, а во истиот контекст ги гледа и поларизирачките изјави што ги слушнал синоќа и денес.

„Гласовите се слободен израз на волјата на граѓаните и никој не е нивен сопственик. Во политиката, позиционирањето против сите не е стратегија што води кон успех, туку пристап кој порано или подоцна создава разочарување“, истакна Меџити.

Според него, во мултиетничките демократии не смее да постои поделба на „ние“ и „тие“, бидејќи таквиот пристап подразбира нееднаквост и тенденции за потиснување на другиот.

Меџити нагласи дека дијалогот и соработката се неопходни за функционирањето на секое општество, а особено во мултиетничките средини, каде што претставуваат обврска за сите општествени чинители.

„Нема потреба да се занимаваме со вообичаениот постизборен фолклор, со оправдувањата и толкувањата што им се сервираат на граѓаните секогаш кога резултатите не се совпаѓаат со нечии очекувања“, порача тој.

Во завршницата на реакцијата Меџити нагласи дека граѓаните одлучуваат со својот глас, додека политичарите мора да преземат одговорност за сопствените ставови и постапки.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?