Порака до Мицкоски од Ќосето по поразот во Брвеница

Ќосето
Мицкоски во кампањата за Стојанчо Радичевски за градоначалник на Брвеница

По изборниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, Горан Ангелов – Ќосето упати остра порака на социјалните мрежи, во која ги спомена Артан Груби, Мухамед Зеќири и Јахоски.

„Цената за Брвеница ја плативте со Артан, Мухи, Јахоски и сите други шо ги ослободивте“, напиша Ангелов на својот профил на Фејсбук.

Иако во објавата директно не го споменува премиерот Христијан Мицкоски, пораката е насочена кон власта и нејзините постапки во однос на лицата што Ангелов ги наведува.

Објавата следува по изборниот резултат во Брвеница, каде што ВМРО-ДПМНЕ не успеа да обезбеди победа.

Со својата реакција, Ангелов го поврзува изборниот пораз со одлуките на власта, изнесувајќи обвинувања за ослободување на лица, без да наведе конкретни судски одлуки или постапки.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?