Страв за заштедите во Битола, речиси 30 години по ТАТ – ВИДЕО

ФОТО: ТВ Телма

Повторно вознемирени граѓани пред банка во Битола. Повторно неизвесност за заштедите и прашањето што ќе биде со сопствените пари. Речиси три децении по аферата ТАТ, сцените пред Алта банка потсетуваат на едно од најболните искуства на битолските штедачи.

Од утрово, 2 ноември, експозитурите на Алта банка АД Битола привремено не работат со клиенти, до дополнително известување. За физичките лица останува неделниот лимит од 10.000 денари за користење средства преку платежните картички. Во тој износ треба да се вклопат подигнувањето готовина, купувањето храна и плаќањето сметки со картичка.

Ограничувањата доаѓаат по уверувањата од банката, објавени на 31 октомври, дека клиентите имаат непречен пристап до своите средства. Денес, пристапот е ограничен, а датум за повторно отворање на експозитурите засега не е соопштен.

Сеќавањето на ТАТ е особено тешко за градот во кој илјадници луѓе ги загубија заштедите во 1997 година, а последиците се чувствуваа со години преку протести и долги судски постапки.

Сепак, сегашниот статус на Алта банка Битола е поинаков. Според Народната банка, домашната банка не е во стечај, не ѝ е одземена дозволата за работа, а привремената администрација е воведена за заштита на штедачите до промена на сопственоста. Регулаторот уверува дека банката е ликвидна и високо капитализирана.

За клиентите, најважно останува кога повторно ќе можат да располагаат со своите пари без сегашните ограничувања.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?