Блокирани нови 104 сајтови за нелегално онлајн коцкање во Македонија

Министерството за дигитална трансформација достави налог до Агенцијата за електронски комуникации за блокирање нови 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање, со што вкупната бројка на опфатени платформи достигна 462.

Според издадениот налог, АЕК има рок од пет дена да го проследи барањето до телекомуникациските оператори во Македонија. Операторите се должни веднаш да го ограничат пристапот до наведените интернет-страници и на корисниците да им прикажат соопштение со причината за забраната.

Од ресорното министерство наведуваат дека мерката има цел да го спречи нелегалното приредување игри на среќа преку интернет и да ги заштити граѓаните од злоупотреба на личните и финансиските податоци. Како посебен приоритет се наведува заштитата на малолетниците од изложеност на онлајн обложување.

Надлежните апелираат до граѓаните да избегнуваат споделување податоци на непроверени платформи, а родителите да вршат поголем надзор врз активностите на децата на интернет.

Министерството најави продолжување на активностите за сузбивање на нелегалните онлајн обложувалници и казина кои работат спротивно на домашната регулатива.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?