Хакирана украинската апликација за предупредувања: Лажен аларм за нуклеарна закана

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека јавната апликација за воздушни узбуни била цел на непријателски сајбер-напад, по што краткотрајно се појавиле предупредувања за радијација и уличен напад.

Украинските воздухопловни сили во неделата соопштија дека јавната апликација за предупредување од воздушни напади била хакирана. Апликацијата за кратко време прикажуваше дека Киев и други области се подложни на нуклеарна и хемиска опасност, како и закана од улични борби. Во една погрешна порака беше наведено и дека бил употребен рускиот хиперсоничен проектил „Орешник“.

„Апликацијата за воздушни напади изгледа беше изложена на непријателско влијание“, објавија воздухопловните сили на Телеграм. „Нема закана од радијација! Останете смирени и следете ги нашите информации на нашиот канал!“

Министерството за дигитална трансформација на Украина соопшти дека апликацијата не е во функција, но дека другите средства за предупредување на јавноста функционираат нормално, како и сирените за воздушен напад.

Во одделен настан, мобилната апликација на руското Министерство за вонредни состојби беше погодена од масовен сајбер-напад што резултираше со ширење лажни информации до јавноста, пренесе државната новинска агенција ТАСС повикувајќи се на соопштение од министерството во понеделникот рано наутро.

Засега не е јасно дали двата инциденти се поврзани.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?