Вработените во Македонската филхармонија утре (21.02.2025) во 11:30 часот ќе одржат протест пред Министерството за култура.
Со протестот испраќаат јасен апел до Министерството да ги почитува законските одредби при изборот на нов директор, по завршениот конкурс минатата недела.
„Во тек е изборот за директор, а ние бараме да биде избран најдобриот кандидат кој ги исполнува сите услови од конкурсот. Доколку тоа не се случи, протестите ќе продолжат. Нема да дозволиме Македонската филхармонија да стане жртва на бесрамни политички договори“, порачуваат вработените.