Во сабота, по повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници организира бесплатни разгледи на Скопје и Битола.
Разгледите во Скопје ќе започнат од Меморијалната куќа на Мајка Тереза на улица „Македонија“, и тоа во 12 и 13 часот, додека во Битола ќе има два термина: во 11 часот пред Музејот и во 12 часот кај Саат кулата.
Сите заинтересирани за културно-историските знаменитости на двата града се поканети да учествуваат во разгледите, информираат од Македонската асоцијација на туристички водичи.