Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зошто од јавноста се кријат средбите на мешовитата македонска бугарска историска комисија

Стана ли пракса јавноста да се информира за исходот од средбите на мешовитата македонска бугарска комисијана само преку соопштенија? И денеска македонскиот тим преку штуро соопштение ги информира граѓаните дека тема на 34. средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, што вчера и денеска се одржала во Скопје тема биле предлог-препораките за македонските учебници за седмо одделение, како и евентуални заеднички чествувања.

„Стана збор за предлог-препораките за македонските учебници за VII одделение, а патем се дискутираше и за евентуални заеднички чествувања, при што до израз дојдоа различните позиции на двете страни“, соопштија од македонскиот експертски тим.

Средбата, додаваат оттаму, поминала во динамична и конструктивна атмосфера, по прашања од делокругот на работата на Комисијата, и притоа биле усогласени и усвоени заостанатите Записници и Стенограми од работата на Комисијата во 2023 година.

„Во духот на градење доверба, македонскиот дел од Комисијата настојува да одржува проактивен пристап, согласно позитивните европски практики и искуства“, пишува во соопштението на македонскиот тим.

Следната средба на Комисијата ќе се одржи во април во Софија.

Претходната средба се одржа на 12 и 13 декември во Софија, на која станало збор за евентуални заеднички чествувања, за препораките за македонските учебници за VII одделение и утврдување на динамиката на работа за првото полугодие за 2025 година. 

Во Скопје кон крајот на октомври лани се одржа средба на Мешовитата комисија, што беше прва на новиот состав на македонскиот тим со нивните колеги од бугарска страна. Копретседавачат на бугарскиот тим Ангел Димитров тогаш по средбата, кусо рече дека таа „повеќе била за запознавање“ и „од технички аспект“.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија потпишан на 1 август 2017 година.

Досега комисијата усвои препораки за заедничко чествување на пет историски ликови – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја за шесто оделение во Македонија и за пети клас во Бугарија.

Зачлени се на нашиот е-билтен