Малолетник излета со возило во Скопје, повредени четворица

Тешка сообраќајна несреќа се случила ноќеска во Скопје, при што малолетник изгубил контрола врз возилото и излетал од патот. Во несреќата се повредени возачот и тројца негови сопатници, сите малолетници.

Според информациите од МВР, инцидентот бил пријавен во 03:30 часот на улицата „Лазар Личеноски“ во Скопје. Малолетник на 17-годишна возраст управувал возило „Шевролет Спарк“ со скопски регистарски таблички, кога изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

Од несреќата двајца сопатници се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот и уште еден сопатник поминале со полесни повреди. Повредените биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што им била укажана медицинска помош.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, а се утврдуваат околностите под кои дошло до излетувањето на возилото.

Зачлени се на нашиот е-билтен