Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тео Франкен: Белгија мора да ја зајакне одбраната, со цел да бидеме подготвени за руската закана

Потребно е значително да ја зајакнеме одбраната на Белгија, со цел земјата да биде подготвена за руската закана во услови кога „Русите се хиперактивни и на воено ниво“, изјави денеска белгискиот министер за одбрана Тео Франкен. 

„Сите други земји се на ниво од два отсто (од БДП). Мора да го одржиме нашето ветување. НАТО тоа ни го бара за Самитот во Хаг. Тоа би овозможило Белгија да се зајакне во Европа и во рамките на НАТО“, нагласи Франкен во гостувањето во утринската програма „Премиера“ на телевизијата РТБФ.  

Во 2024 година за потребите на одбраната Белгија издвои средства во висина од 1,3 отсто од националниот БДП. Со договорот за формирање на новата белгиска Влада, постигнат на крајот на јануари, се предвидува Белгија да го достигне нивото на трошоци од два отсто од БДП до 2029 година. 

Франкен додаде дека би сакал да отпатува во Киев за да ја потврди дека Белгија продолжува да ја поддржува Украина, а коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека неговиот украински колега Володимир Зеленски е диктатор, белгискиот министер оцени дека тоа било кажано во лутина. 

„Господинот Трамп беше многу, многу лут кога рече дека Зеленски е диктатор и дека ја започнал војната против Русите. Тоа навистина е глупост“, рече Франкен. 

Во врска со резултатите од неделните парламентарни избори во Германија, Франкен истакна дека тие претставуваат „стабилизирачки елемент за позицијата на Европската Унија на меѓународната сцена“.

Зачлени се на нашиот е-билтен