Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Денеска во Израел е погребот на Шири Бибас и нејзините две мали деца

Хамас утре ќе врати тела на уште четворицата израелски заложници во замена за ослободување на околу 600 Палестинци од израелските затвори, соопшти палестинската исламистичка група само неколку дена пред истекот на првата фаза од прекинот на огнот меѓу двете страни.

Денеска во Израел е погребот на мајката и нејзините две мали деца, чии тела Хамас ги предаде како дел од договорената размена.

Шири Бибас беше киднапирана со нејзините два сина, четиригодишниот Ариел и деветмесечниот Кфир, во терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, што ја предизвика војната. Хамас ги предаде нивните тела минатата недела како дел од договорот за прекин на огнот, иако првично го предаде телото на погрешна жена, предизвикувајќи тревога во Израел, а телото на Шири Бибас го предаде дури еден ден подоцна.

Јарден Бибас, таткото и сопругот, беше киднапиран одделно истиот ден и ослободен како дел од договорот за прекин на огнот минатиот месец.

Десетици илјади Израелци, од кои некои носеа знамиња и транспаренти на кои пишуваше „простете ни“, се собраа покрај патот додека телата на мајката и нејзините две деца беа транспортирани на погребот.

Шири Бибас и нејзините два сина ќе бидат погребани попладнево во кибуцот Нир Оз, од каде што беа киднапирани.

Хамас претходно соопшти дека тројцата биле убиени во израелски воздушен напад во ноември 2023 година. Портпаролот на израелската војска контраадмирал Даниел Хагари го негираше тоа и рече дека Ариел и Кфир ги убиле нивните киднапери.

Зачлени се на нашиот е-билтен