Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Општина Центар доделува субвенции на младите за полагање на возачки испит

„Право на субвенција имаат сите млади лица кои во текот на 2025 година ќе наполнат 18 години, односно сите родени во 2007 година, а живеат во општина Центар најмалку една година. Потребно е да се достават: барање за субвенција за полагање возачки испит Б-категорија во автошколи на подрачјето на општина Центар, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, доказ за извршена уплата во автошкола и доказ дека автошколата е регистрирана на подрачјето на општина Центар“, информира градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Герасимовски ги информира младите да се пријават за доделување субвенции за полагање на возачки испит Б-категорија, која е во висина од 10.000 денари.

Јавниот повик ќе трае сè до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Центар, односно до 31.12.2025 година.

Правото на субвенција е еднократно.

Ваква субвенција претходно воведе и општина Карпош и истата се покажа како успешна.

Зачлени се на нашиот е-билтен