Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Амбасадорот Лудва: ЕУ има потреба од Македонија можеби многу повеќе отколку што вие имате потреба од ЕУ

Патот е тежок, но има перспектива, сега зборуваме за услови, зборуваме за многу други нешта, но можам да кажам дека ние како членка на ЕУ ја чекаме Северна Македонија и имаме потреба од неа можеби многу повеќе ние отколку што вие имате потреба од ЕУ, рече чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, при денешната посетата на Дебар.

На новинарско прашање дали може набрзо да се надмине прашањето кое е услов за членство на Северна Македонија во ЕУ, чешкиот амбасадор Лудва, кој зборуваше на албански јазик, што го научил додека бил дипломат во Тирана, оцени дека тоа е многу тешко прашање.

„Не можам да одговорам, но можам да кажам дека сум тука, во земјата, три години. Сега сме на прагот на отворањето на преговорите што не е многу лесно, а причината ја знаеме сите, но можам да речам дека Северна Македонија секогаш ја има поддршката на Чешка, да стане членка на ЕУ. Посетата на Дебар не ми е прва посета, и можам да кажам дека Дебар се развива и уште повеќе ќе се разива“, нагласи Лудва.

Поддршка за европската интеграција на земјава искажаа и останатите дипломати.

„Јас сум многу посветен за што покус временски период и Северна Македонија да се приклучи во ЕУ, за да има една многу подобра перспектива“, рече шпанскиот амбасадор Рафаел Соријано Ортиз.

Тие заедно со амбасадорите на Унгарија и Италија беа во неформална посета на Дебар, реализирана по иницијатива албанскиот амбасадор Деноин Меидани. 

Зачлени се на нашиот е-билтен