Кредитите растат побрзо од депозитите: Фирмите со 16,1 отсто повеќе заеми од лани

Блумберг

Вкупните кредити во октомври се зголемиле за 14,3 проценти на годишна основа, додека депозитите пораснале за 9,3 проценти, покажуваат податоците на Народната банка. Кредитирањето растело и кај компаниите и кај населението, со поголем придонес на корпоративниот сектор.

На месечна основа, кредитната активност забележала раст од 0,7 проценти, а вкупните депозити се зголемиле за 0,5 проценти.

Кредитите на претпријатијата во октомври биле повисоки за 16,1 процент во споредба со истиот месец лани. Месечниот раст изнесувал 0,8 проценти и целосно произлегол од зголеменото кредитирање во денари, додека кредитите во странска валута се намалиле.

Кај населението, кредитите пораснале за 12,6 проценти на годишна и за 0,7 проценти на месечна основа. Продолжил растот на потрошувачките и станбените кредити, кои во октомври се зголемиле за по 0,9 проценти. Во споредба со лани, потрошувачките кредити се повисоки за 12,3 проценти, а станбените за 15,9 проценти.

Месечното зголемување на вкупните депозити целосно се должи на домаќинствата. Нивните депозити пораснале за 1,3 проценти во однос на септември и за 9,4 проценти на годишна основа, најмногу поради повисоките средства на трансакциските сметки.

Орочените депозити на населението забележале месечен раст од 0,6 проценти и годишен од 5,7 проценти. Депозитите на компаниите, пак, се намалиле за 0,7 проценти во октомври, но останале за девет проценти повисоки од лани.

Паричната маса М3 во октомври се зголемила за 0,5 проценти на месечна и за 8,9 проценти на годишна основа, соопшти Народната банка.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?