Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Иако Македонија беше коспонзор на резолуцијата на САД, Муцински не очекува последици врз патот кон членство во ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски не очекува резолуцијата во Обединетите нации за Украина, која беше подготвена од САД, а на која земјава беше коспонзор, да донесе последици за нашето членство во ЕУ.

– Искрено не очекувам. Факт е дека сојузници некогаш по однос на некои прашања може и да не се согласуваат, но факт е дека дента по оваа резолуција кога САД и Франција беа на спротивставени страни, претседателот Макрон отиде во Белата куќа кај претседателот Трамп и кажа дека Франција и САД секогаш се на вистинската страна на историјата. Факт е дека овие земји-членки, дел од нив можеа да гласаат и против оваа резолуција во Советот за безбедност, а дури и дел од нив можеа и вето да стават, а одлучија тоа да не го направат, рече Муцунски во синоќешното гостување на ТВ21.

Шефот на дипломатијата кажа дека украинската резолуција престанала да важи под принципот на заедничката надворешна безбедносна политика на ЕУ.

-Во моментот кога ЕУ изгуби консензус по однос на украинската резолуција, таа беше првата резолуција којашто беше поднесена. Таа резолуција престана да важи под принципот на заедничката надворешна безбедносна политика на ЕУ. Прво се појави украинската резолуција и по нејзе имаше консензус и ние во тој момент бевме подготвени да поддржиме, по таа резолуција се појави втора резолуција на САД. Во меѓувреме се изгуби консензусот во рамките на ЕУ. Што значи не е таа резолуција институционално поддржана од ЕУ, вели Муцунски.

Посочи дека кога е во прашање Украина, „ние сме еден од најголемите нејзини придонесувачи од моментот на отворање на овој конфликт’.

  -Реакции можеби имало на некои од земјите членки на ЕУ. Легитимно е сојузници и партнери некогаш за некои прашања и да не се согласуваат, но кога зборуваме за акциите односно акциите да зборуваат најмногу делата да зборуваат најмногу по она што го правиме. Кога е во прашање Украина сме еден од најголемите придонесувачи кон Украина од моментот на отворање на овој конфликт по глава на жител, рече Муцунски.

Осврнувајќи се на евроинтеграцијата на земјава и блокадата од Бугарија, тој повтори дека ни е потребна предвидливост што е тоа што го добиваме на сметка на компромисите, како и институционална гаранција.  

-Често ќе ни речат од ЕУ ние ветуваме но никој не може да ви гарантира, но паралелно само да ги извадиме изјавите коишто лидерите од ЕУ и голем дел од земјите членки ги даваа при промената на името на државата. Има изјави на коишто ние сме биле сведоци на затворени состаноци но и огромен број јавни изјави каде што велат полноправно членство во НАТО и забрзан пат кон ЕУ каде дури и се лицитираше со рок за 5-6 години доколку си ја завршите домашната задача. Поминаа 5-6 години не можеме не можеме ни преговори да отвориме, додава Муцунски.

Затоа, како што наведе, на европските лидери и на европските институции отворени и искрено им се воочува за реалната  неправда која и е нанесена на земјава.

– Амбасадорот Михалис Рокас е искрен пријател на државата, се има покажано како таков во последните месеци. Но и него и на сите други отворено им зборуваме дека како поедици им веруваме во нивната индивидуална намера, па дури и во институционлната намера и на Европската комисија и на Европскиот парламент и на речиси сите земјите членки. Но, ние не сме сигурни во однесувањето на Бугарија. Да се наваратиме 6-7 години ние не знаевме дека имамем ваков проблем со Бугарија, истакна Муцунски.

Зачлени се на нашиот е-билтен