Серија изјави на министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска предизвикаа реакции во јавноста, како и на социјалните мрежи.
Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина, дека според министерката „тие шо немаат деца не смеат да зборат за деца, тогаш и тие што не се жртви на насилство не треба да зборат за насилство, тие што немаат ретки болести не треба да се борат со ретките болести и така натака глупости по таа логика“.
Таа вели дека, освен што е шокирана од изјавите, за чудење е колку министерката „нема појма што треба, а што не треба да кажува пред медиуми“.
„Прво и основно кога се збори за цени во супермаркети ко у око да и брцка некој. Оди до таму да изнесува свое мислење за истрага што ја води друга институција, конкретно за картелските здружувања ама она ги вика картал. Јавно издвојува супермаркет каде пазари и тврди дека таму не биле мрднати цените небаре она попис им праеше“, истакнува Ина Многуфина. „Да ја гледате како се бори за супермаркетите ќе помислите дека е нивна сметководителка, а не наша министерка“.
Таа смета дека е „потребен посебен ПР тим да работи за да може да ги гаси штетите што женава може да ги направи со изјавите. Ко да некој со сила ја тера да министерува, но сепак, да не се заборави нејзината легендарна, а моја омилена изјава „Ако се намалата функционерските плати, јас замнувам„ и тука имам завршено јас со очекувањата од оваа жена запирка мајка запирка министерка.