Рисима Рисимкин се закити со орден од Франција


Кореографката и танцов педагог Рисима Рисимкин се закити со одличјето Витез од редот на уметностите и книжевноста што ги доделува државата Франција. Орденот ѝ го додели францускиот амбасадор во земјава, Кристоф ле Риголер на свечена пригодност што се одржа во француската резиденција.

Тој ги истакна достигнувањата на Рисимкин во модерниот танц, а особено нејзините соработки со француските танчарски трупи и културни институции. Рисимкин и нејзиниот Скопје танцов театар беа први и единствени изведувачи од Македонија кои настапија на сцената на Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз во 2022 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен